САРА МЕЈС И ЖЕНСКИОТ ВОКАЛЕН КВАРТЕТ СО КОНЦЕРТОТ „ЗИМСКА СИМФОНИЈА“ НА 20 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Сара Мејс и вокалниот квартет „The Girlzz“ на 20 декември ќе одржат концерт во Националната опера и балет во Скопје во придружба на Божиќниот оркестар, со кој диригира Иван Еминовиќ.

Квартетот, во кој членуваат и Ана Петановска, Калина Велковска и Теа Богатинова, ќе изведе светски и домашни новогодишни хитови. Концертот ќе вклучува и интерактивна сценска приказна наменета за сите генерации.

По концертите низ Македонија во изминатите години, составот првпат ќе настапи со овој проект во Националната опера и балет. Организаторот „Евентум“ наскоро ќе ги објави и датумите за концертите во другите градови.

Во пресрет на празничните концерти, Сара Мејс најави и нов сингл, кој ќе го претстави во наредните денови.

Билетите за концертот во Скопје се во продажба преку e-ticket.mk.

Фото: К. Попов