„СЕКС ПИСТОЛС“ ЌЕ СЕ ОБЕДИНИ ЗА ПРВИТЕ КОНЦЕРТИ ОД 2008, НО БЕЗ ЏОНИ РОТЕН

Лондон, (НМЕ)

Панк легендите „Секс пистолс“ ќе се обединат за неколку концерти, но без пејачот Џони Ротен.

Стив Џонс, Глен Метлок и Пол Кук, кои беа дел од оригиналната постава, објавија дека ќе одржат два добротворни концерта на 13 и 14 август во Лондон, при што како фронтмен ќе им се придружи англискиот пејач Френк Картер.

Бев пресреќен кога ми се јавија. Многу сум возбуден што ќе бидам дел од ова“, изјави 40-годишниот Картер, кој моментално го предводи својот бенд „Ретлснејкс“.

Кук изјави дека целта на овие концерти е да се соберат пари за концертната сала „Буш“ во Западен Лондон.

Секс пистолс“ го имаше последниот настап во септември 2008.