Каролина Гочева ќе одржи концерт во Гостивар на 15 јуни во објектот „Европа гарден“. Пролетната турнеја низ Македонија таа ја започна во Скопје на 1 март и потоа одржа концерти во Струмица, Битола, Крива Паланка, Охрид, Куманово и Велес.
„Последниве години повеќе пораки добивам на 1 март отколку на мојот роденден“, рече Каролина на почетокот на скопскиот концерт, алудирајќи на нејзиниот хит „Први март“.
Билетите за концертот во Гостивар ги има во продажната мрежа на ticketx.