ПОТВРДЕНО СНИМАЊЕТО НА ФИЛМОТ „ПИКИ БЛАЈНДЕРС“ СО КИЛИЈАН МАРФИ ВО ГЛАВНАТА УЛОГА

Њујорк, (Гардијан)

Килијан Марфи не завршил со Томи Шелби и откако освои Оскар за „Опенхајмер“ ќе се врати во Бирмингем за да снима филм „Пики Блајндерс“ како продолжение на хит-серијата.

Нетфликс“ и официјално даде зелено светло за долго најавуваниот филм, во кој Марфи ќе биде главен актер и продуцент. Сценариото го напиша креаторот на серијата Стивен Најт, а снимањето треба да почне подоцна оваа година.

Деталите за дејството и за актерската екипа засега се држат во тајност, но по завршувањето на последната сезона во 2022, Најт најави дека евентуалниот филм би се случувал за време на Втората светска војна.

„Филмот ќе биде експлозивно поглавје во приказната за бандата Пики Блајндерс“, кажа Најт.

Првата сезона на „Пики Блајндерс“ беше емитувана на Би-Би-Си во 2013, по што следната година серијата беше преземена од „Нетфликс“.