ЏОНИ ДЕП И ЏЕФ БРИЏИС ЌЕ БИДАТ САТАНА И ГОСПОД ВО НОВИОТ ФИЛМ НА ТЕРИ ГИЛИЈАМ

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Џони Деп ќе го глуми Сатана во новиот филм на Тери Гилијам, додека Џеф Бриџис ќе биде Господ. Гилијам потврди дека го иабрал Деп за својот следен филмски проект насловен „The Carnival at the End of Days“, што првпат го најави на еден фестивал во декември.

„Бог сака да го збрише човештвото и единствениот кој сака да го спаси е Сатаната, кого го игра Џони Деп“, изјави Гилијам, додавајќи дека во филмот ќе глумат и Адам Драјвер и Џејсон Момоа.

Што се однесува до ликот на Бриџис, Гилијам појасни дека Господ нема да биде она на што сме навикнале.

„Во оваа библиска комедија, Господ е природата, но природа која може да ни збори. Ќе ми треба анимација за да го прикажам тоа зашто во сцените со Господ ќе има најмалку 15 животни. Ќе биде комплицирано и доста скапо да се направи“.

Според Гилијам, кој третпат ќе соработува со Деп, филмот би требало да излезе во јануари 2025.