Од бруталниот кловн Пенивајс до еден од најпознатите вампири на сите времиња, Бил Скарсгорд се трансформираше во Носферату во новиот филм на Роберт Егерс, римејк на легендарниот експресионистички нем филм од 1922. Сепак, фановите ќе почекаат да видат како изгледа Скарсгорд во улогата на грофот Орлок, зашто првиот трејлер не го открива тоа во целост.
Режисер и сценарист на „Носферату“ е Роберт Егерс, кој стана омилен меѓу хорор фановите со неговите претходни филмови „Вештерка“ и „Светилник“.
Лили Роуз-Деп ја глуми Елен Хатер, девојката со која Носферату е опседнат, додека Николас Хоулт е нејзиниот сопруг Томас, агент за недвижности кој не знае дека неговиот нов клиент е неколку века стар вампир. Во останатите улоги се Арон Тејлор-Џонсон, Вилем Дефо и Ема Корин.
Филмот ќе игра во кината од 25 декември.