МУЗИКАТА НА „АРХАНГЕЛ“ И РИСТО ВРТЕВ ГИ СПОИ ГЕНЕРАЦИИТЕ ВО БИТОЛА

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Култниот македонски рок бенд „Архангел“ со фронтменот Ристо Вртев го наполни Ракометното игралиште на концертот во Битола.

„Архангел“ одржа концерт во Битола по цели 20 години, и успеа да споји повозрасни и помлади генерации, љубители на нејзината музика која носи силни пораки. На концертот имаше од тинејџери до повозрасни битолчани.

Вртев е основач на „Архангел“, зад себе има големо музичко искуство, богато творештво, награди, концерти, настапи во живо, а сѐ уште со несмалена љубов зборува за музиката и сонува да снима песни и да одржува концерти. Текстовите му се фасцинантни, реални и сурови, а музиката е за сите генерации. Моќна и бесмртна, ја сакаат и младите кои се родени многу подоцна од нејзиното настанување.

Музичкото уживање кое го приредија во Битола беше во рамките на фестивалот „Битола отворен град“ организиран од МКЦ Битола.

Ж. ЗДРАВКОВСКА