Групата „Парусион“ ќе одржи концерт вечерва (30 јули) од 20:30 часот во Куршумли ан,на Скопско лето. Членови на групата се: Михаил Парушев – тапани, Петар Христов – кларинет и саксофон, Ѓоко Грујовски – гитара, Јован Цветковиќ – пијано и Дионис Стратов – бас гитара.
„Парусион“ е оформен во 2003 од Михаил Мишко Парушев, кој е композитор и свири на ударни инструменти. Парушев е автор и на солистичкиот албум „Агол“ од 2022 и моментално подготвува нов авторски материјал и обработки на традиционални македонски песни.