МНТ ЌЕ ЈА ОТВОРИ ЛЕТНАТА СЦЕНА „СЛАВИША КАЈЕВСКИ“ НА 17 СЕПТЕМВРИ СО „ЦРНИЛА РЕМИКС“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Летната сцена ‭на Македонскиот народен театар (МНТ) „‬Славиша Кајевски‭“‬ ќе биде отворена на 17 септември, а ќе работи до 1 октомври. Именувана е во чест на актерот кој почина на 39 години во декември 2021.

„Оваа сцена е новитет и е на барање на публиката“, велат од МНТ.

Отворањето е со претставата „Црнила ремикс“, хип-хоп претстава според мотиви на класичното драмско дело од Коле Чашуле, по идеја и режија на Јордан Симонов и во продукција на Младински културен центар (МКЦ).

Меѓу настаните кои ќе се одржат се и стендапот на Сашко Коцев „Широк дијафазон“, претставата „Мој термин“ на Синиша Евтимов, настапи на Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд и на Пијан Славеј, а на затворањето концерт ќе има Националниот џез оркестар со хитови од „Битлс“.

Фото: МНТ