КАШЛАВ НОЌТА ПРЕД ТРКАТА, КАЖА НОА ЛАЈЛС, КОЈ СО КОВИД ОСВОИ ОЛИМПИСКА БРОНЗА НА 200 МЕТРИ

Париз, (Ројтерс)

Американскиот спринтер Ноа Лајлс во количка беше изнесен од теренот по финалната трка на 200 метри на Олимписките игри во Париз, откако во вторникот имал позитивен тест на ковид-19. И покрај тоа, олимпискиот првак на 100 метри зеде бронза, велејќи дека вирусот несомнено влијаел врз неговиот настап.

„Кашлав ноќта во пресрет на трката. Не се чувствував добро ни пред стартот. Губев здив, имав болка во градите, но по некое време фатив здив и се прибрав. Тоа дефинитивно се одрази врз мојот настап, но се гордеам со себеси зашто освоив бронза со ковид“, кажа Лајлс, кој има астма.

Тој верува дека Олимпијадата е завршена за него и навести дека нема да настапи на штафетните трка 4х100 и 4х400 метри.

На трката убедливо победи Лестли Тебого, донесувајќи ѝ го првиот златен медал на Боцвана во историјата, по што кажа:

„Јас не можам да бидам лицето на атлетиката зашто не сум гласен и арогантен како Ноа“.

(Фото: АП)