НОВИОТ ФИЛМ НА 94-ГОДИШНИОТ КЛИНТ ИСТВУД „ПОРОТНИК БРОЈ 2“ ЌЕ ИМА ПРЕМИЕРА НА КРАЈОТ НА ОКТОМВРИ

Лос Анџелес, (Вараети)

Новиот филм на Клинт Иствуд, „Поротник број 2“, ќе има светска премиера на филмскиот фестивал АФИ во Холивуд на 27 октомври, а „Ворнер брос“ потоа ќе го објави и во кината.

За разлика од претходниот филм во кој и глумеше, Иствуд сега само е режисер, а во актерската екипа се Николас Хоулт, оскаровецот Џеј Кеј Симонс. Тони Колет, Крис Месина, Зои Дојч и Кифер Садерленд.

Филмот следи поротник на судење за убиство (Хоулт) кој се бори со сериозна морална дилема која би можел да ја искористи за да влијае врз пресудата на поротата и потенцијално да го осуди или ослободи погрешниот убиец.

„Поротник број 2“ е 46. филм кој 94-годишниот Иствуд го потпишува како режисер, а првиот го сними во 1971.