Вечерва (20 ноември) од 20 часот. на малата сцена на Велешкиот театар премиерно ќе биде изведена претставата „Медеја“ на театарската лабораторија „Артема“ од Скопје. Претставата е коавторски проект на драматургот Сашо Димоски и актерот Васил Зафирчев, а е на темата чедоморство.
„Оваа Медеја, без Медеја и со Медеја, ги поставува прашањето за чедоморството и прашањата што произлегуват од него. Поаѓајќи од документарни материјали, на сцената се испитува чедоморството. Во 39 случаи, 39 мајки убиле 39 деца“, велат авторите.
Улогите ги играат Тодор Стојковски, Бранко Михајлоски, Илин Јовановски, Никола Петковиќ и Леонида Гулевска. Композитор и изведувач на музика во живо е Дарко Спирковски.
П. ПЕЧКОВ