Нова графичка новела на Антонио Аранѓеловиќ ќе биде промовирана утре (19 септември) во фоајето на Младински културен центар од 20 часот.
„Девет животи“ е втората графичка новела на Аранѓеловиќ, што повторно ја објавува под неговото музичко алтер его Тонио Сан. Тој е комплетно автор на стрипот, кој само на промоцијата ќе може да се набави по цена од 550 денари.