ЛАМБЕ, „НЕКСТ ТАЈМ“, ГИГОВСКА И ДРУГИ ЌЕ ПЕАТ ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ВО КРУШЕВО НА 5 ОКТОМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 5 октомври од 18 часот, во Градскиот парк во Крушево ќе се одржи концерт посветен на Тоше Проески, како одбележуваање на 17 години од неговиот последен концерт, што се случи на Градскиот стадион во Скопје.

Најголемите хитови на Тоше ќе ги пеат неговите колеги Ламбе Алабаковски, „Некст тајм“, Антониа Гиговска, Ребека Јанковска од Крушево, Немања Радошевиќ, Анѓела Нинковиќ, Мартинијан Кириловски, „Инвиктус бенд“, Славица Ангелова, Тамара Стојкоска, Јасмин Алиевски и Кирана Ивановска.

Од 2008, на овој ден се одржува настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ со концерти, крводарителски акции и собир на фановите на Тоше.