СРЕЌЕН СУМ ШТО АЛБУМОТ МИ Е ДОБРО ОЦЕНЕТ ВО ЈАПОНИЈА, ВЕЛИ ГИТАРИСТОТ ЧЕТКАР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новиот албум на џез гитаристот Владимир Четкар „Let Us Be“ е објавен во Токио преку јапонската музичка куќа „Пи-Вајн рекордс“.

„Засега прочитавме само добри рецензии за албумот, што ми е особено драго“, вели Четкар. Албумот е микс на џез, фанк, соул и диско и е комплетно авторско дело на Четкар. Се снимаше во Чикаго и Милвоки и има осум песни.

Четкар своите студиски албуми редовно ги издава на далечниот исток преку некоја од тамошните музички куќи. Албумот по јапонскиот пазар ќе биде издаден насекаде во светот.