Актерите Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски ќе одржат и трето заедничко стендап шоу наречено „(Нат)просечен Македонец“ на 8 ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопје.
„Авалон“ објави дека за брзо време бил распродаден првиот термин на 2 ноември, па закажа и втор настан на 3 ноември.
„Ова ќе биде првиот стендап одржан во голема сала во Македонија“, велат од „Авалон“, организаторот на настанот.
Гостин ќе биде комичарот Стефан Николовски. Атанасовски и Костадиновски се познати како дуото Тино и Атанас. И двајцата се актери во Театар Комедија.