Со претставата „Целосно странци“ театарот „Камерни 55“ од Сараево вечерва (17 октомври) учествува на фестивалот РУТА во Драмски театар во Скопје. Базирана е на истоимениот филм на италијанскиот режисер Паоло Џеновезе, а е во режија на Лајла Каикчија.
Улогите ги играат Сабит Сејдиновиќ, Ванеса Глоѓо, Албан Укај, Сенад Алихоџиќ, Дина Мушановиќ, Надине Мичиќ и Игор Скварица.
Регионалниот фестивал РУТА е основан во 2019 и се одржува на секои два месеца во еден од шесте театарски центри.