КЛАРИНЕТИСТОТ МЕВЉУД АСАНОСКИ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ЕВРОПСКИ МУЗИЧКИ НАТПРЕВАР ВО ФРАНЦИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младиот македонски кларинетист Мевљуд Асаноски ќе се натпреварува на европскиот музички натпревар „Лајонс Томас Кути“, што ќе се одржи во рамките на „Лајонс Европа форум 2024“ во Бордо, Франција од 23 до 26 октомври.

Натпреварот традиционално има за цел да поддржи млади музички таленти од Европа. Се натпреваруваат кандидати до 24 години и секоја земја предлага по еден претставник. Натпреварот ќе се одржи во конзерваториумот „Жак Трибалд“ во Бордо, а завршниот концерт е во концертната сала „Атлантик“.

Мевљуд Асаноски студира на Универзитетот во Цирих. Има учествувано на многу државни и меѓународни натпревари во Македонија и Србија, каде што има освоено први награди, како и на семинари со познати кларинетисти. Национална координаторка за музичкиот натпревар „Лајонс“ е виолинистката Пламенка Трајковска.