ВО ВЕЛЕС СЕ ОДРЖА ПРЕМИЕРАТА НА „МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ“, ПРВАТА ДЕТСКА ПРЕТСТАВА ПО НЕКОЛКУГОДИШНА ПАУЗА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Велешкиот театар премиерно ја изведе претставата „Мачорот во чизми“ според приказната на  Шарл Перо. Драматург е Катерина Момева, а режијата на Деан Дамјановски.

Ова е прва детска претстава на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ по неколкугодишна пауза. Наменета е за деца од четири до 12 години, а финансирана е со средства на театарот.

Во претставата играат Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски, Кети Борисовска, Талија Настова, Самоил Стојановски, Благојчо Стојанов, Зорица Панчиќ, Весна Бобевски и Слободанка Чичевска. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимите на Катерина Чукниева, кореографијата на Маја Каревски, а автор на музиката е Сашко Костов.

П. ПЕЧКОВ