МАКЕДОНСКОТО КАБАРЕ „ЕУФОРИЈА“ ВО ТРИ ДЕЛА НА 30 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 30 декември во Националната опера и балет (НОБ )ќе се изведе кабаре шоуто „Еуфорија“, објави продукција „Прагма“.

На сцената ќе настапат триесет македонски уметници: танчари, акробати, балерини, вокалисти и актери, како: Јана Стојановска, Даниел Дан, Емилија Мицевска.

„Со преку 130 костими,  изведувачите ќе раскажат една приказна која ги спојува стилот, танцот и музиката во три различни сегменти. Првиот дел е класичното кабаре кое ќе ја пренесе публликата во светот на елеганцијата и ретро гламурот. Вториот дел е модерно шоу со акробации на сцената. На крајот, ќе се пеат најголемите балкански и светски хитови“, велат организаторите. Билетите се продаваат преку мрежата на kupikarta.com