Танцовото кабаре шоу „Нина“ ќе гостува во Скопје по повод Денот на вљубените, на 15 февруари во Националната опера и балет, објави продукцијата „Прагма“.
Танцовиот перформанс „Нина“ e на продукцијата „PRJCT360“ од Бугарија, а игра меѓународна екипа. Во шоуто се зборува за девојка која треба да се определи дали да продолжи да ги следи општествените правила или нејзините убедувања.
„Создадовме двокатна сцена со внатрешни лавиринти обложени со големи ЛЕД екрани кои емитуваат специјално изработена содржина“, велат од шоуто.
Изминатото лето, кабарето имаше турнеја низ Франција, во Париз, Ница, Лион, Тулуз, Бордо и други градови.