ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ ЈА ПРЕРАБОТИ ПЕСНАТА „КАКО ПИРЕЈ“ ОД ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Ламбе Алабаковски ја препеа песната „Како пиреј“, која во 1994 ја испеа пејачот на народна музика Гоце Николовски, на фолк фест „Валандово“. Поп-пејачот оваа песна за првпат ќе ја испее на концертот „Македонијо во срце те носиме“, на 7 декември во Филхармонијата со уште 14. други македонски народни песни кои ќе ги пеат повеќе пејачи, во аранжмани за симфониски оркестар со кој ќе диригира Сашо Татарчевски

На истиот концерт, ќе се пее „Молитва“ која во оригинал ја пее Виолета Томовска, а сега ја преработи Бојана Скендеровски со мандолински орестар. Дел од песните е и „Има една земја сонце што ја грее“ од Гоце Николовски која во нов аранжман ја пеат Сузана Спасовска и Александар Тарабунов.

 

Фото: К. Попов