Легендарниот американски рок бенд „Ганс ен роузис“ потврди дека доаѓа во соседството на својата европска турнеја следната година. Турнејата почнува во Саудиска Арабија на 23 мај, а од 30 мај ќе продолжи во Европа, при што Аксл Роуз и екипата ќе настапат и во Белград на 18 јули и во Софија на 21 јули.
Специјални гости на турнејата се „Рајвл санс“, „Паблик енеми“ и „Секс пистолс“, но со Френк Картер како вокал. Рап легендите „Паблик енеми“ ќе настапат на концертите во Белград и Софија.
Од оригиналната постава на „Ганс ен роузис“, во бендот и натаму се фронтменот Аксл Роуз, гитаристот Слеш и басистот Даф Макаган.
(Фото: Шатерсток)