МЛАДИТЕ ПИЈАНИСТКИ ГАЛА НАНОВСКА И АНА МАНЧЕВА СО ПРВИ НАГРАДИ НА НАТПРЕВАРИ ВО МАЛТА И СОФИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младите пијанистки Гала Нановска и Ана Манчева освоија високи признанија на меѓународни натпревари во Малта и Софија.

Нановска е лауреат со 100 поени во Малта и втора награда во Софија, и Манчева доби прва награда со 98 поени во Малта и специјална награда за интерпретација во Софија, потврдувајќи го својот талент на меѓународната сцена.

Пијанистките на меѓународните натпревари беа под менторство на проф. м-р Даница Стојанова, која беше и член на жирито во Малта. Стојанова вели дека натпреварот во Малта се одржал во црквата „Свети Филипс“ во Сенглеа, со учество на кандидати од повеќе земји од Европа и Азија.

„Првпат настапувавме во Малта, каде што конкуренцијата беше силна, а жирито донесе речиси едногласни одлуки. Особено сум горда што Гала Нановска освои 100 поени и стана лауреат, а Ана Манчева доби прва награда со 98 поени. Настапивме и на натпреварот ‘Земјата и луѓето’ во Софија, каде што Гала освои втора награда, а Ана специјална награда за интерпретација. Овие резултати се потврда за сериозната работа, дисциплината и посветеноста во подготовките“, вели познатата пијанистка и професорка.

Фото: Даница Стојанова со Гала Нановска (десно) и Ана Манчева