НАЈУБАВО ОСВЕТЛЕНИТЕ ГРАДОВИ ЗА БОЖИЌ И НОВА ГОДИНА ВО СВЕТОТ (ГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Празничните светла се насекаде низ светот и секаде изгледаат различно. Во последниве недели, фоторепортерите на агенцијата АП снимија блескави сцени во неколку земји.

Елисејски полиња во Париз (Фото: АП)

Величествена за време на празниците е секогаш авенијата Елисејски полиња во Париз, каде што стотици дрвја неодамна беа осветлени за да личат на чаши за вино.

Празнични светла со вселенска тематика во вселенскиот центар во Хјустон (Фото: АП)

Во Њујорк светна познатата новогодишна елка во центарот „Рокфелер“, норвешка смрека украсена со 50.000 разнобојни светилки. На врвот на џиновското дрво е ѕвезда со три милиони кристали „сваровски“ (фото).

Во Германија уште од крајот на ноември е осветлена 42 метри висока средновековна кула во историскиот градски центар Шлиц.

Новогодишен фестивал во Пекинг (Фото: АП)

Во Москва богато се осветлени катедралата „Свети Васили“ и стоковната куќа „ГУМ“. Во зоолошката градина во Јоханесбург, Јужна Африка, актери во блескави, крилести костими ги пречекуваат посетителите на Божиќниот фестивал на светлата.

Јоханесбург, Јужна Африка (Фото: АП)