СОНДАТА „ПАРКЕР“ СЕ ОБИДУВА ДА ДОЈДЕ НАЈБЛИСКУ ДО СОНЦЕТО ВО ИСТОРИЈАТА

Вашингтон, (Би-Би-Си)

Летало на НАСА се обидува да го изведе најблиското пристапување до Сонцето во историјата. Сондата „Паркер“ денеска навлезе во неговата надворешна атмосфера, каде што ќе треба да издржи брутални температури и екстремна радијација.

Комуникацијата со сондата ќе биде во прекин неколку дена и научниците очекуваат сигнал на 28 декември за да се види дали преживеала. Целта на мисијата е подобро да се разбере како работи Сонцето.

„Луѓето со векови го проучуваат Сонцето, но не можете да ја искусите неговата атмосфера додека не ја посетите“, изјави Никола Фокс, шефицата на науката во НАСА.

Сондата беше лансирана во 2018. Таа веќе поминала покрај Сонцето 21 пат, доближувајќи му се се повеќе, но оваа посета е историска. При своето најблиско пристапување, сондата ќе биде оддалечена 6,2 километри од површината на Сонцето. Таа ќе мора да издржи температура од 1.400 Целзиусови степени и радијација, што би можеле да ја скршат вградената електроника.

„Короната е многу, многу жешка, а ние не знаеме зошто. На површината на Сонцето има 6.000 Целзиусови степени, но во короната, онаа слаба надворешна атмосфера што може да се види при затемнувањето, температурите достигнуваат до милиони степени. Како е тоа можно?“, вели Фокс.

(Фото: НАСА)