Кејт Мидлтон за последен пат се појави во јавност пред да оди на породилно отсуство.
Сопругата на принцот Вилијам треба да го роди третото дете наредниот месец, но тоа не ја спречуваше да им остане посветена на своите секојдневни обврски изминатиов период, па така беше и на последниот работен ден.
Кејт и Вилијам посетија низа настани со кои се слави Комонвелтот и се сретнаа со кошаркари во колички во Бирмингам.
Триесет и шестгодишната војвотка од Кембриџ, сепак, нема долго да отсуствува од јавност, зашто првиот следен голем настан е свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, закажана за 19 мај.
На своите кралски обврски таа би требала да им се врати на есен (ќеркичката Шарлот ја роди на 2 мај 2015, а веќе на 17 септември беше на јавен настан).
Палатата Кенсингтон, несомнено, ја очекува славеничка пролет.