Британскиот актер Џуд Ло ќе го глуми рускиот претседател Владимир Путин во млади години, во филмот „Волшебникот од Кремљ“ на режисерот Оливие Асајас.
Филмот ќе се снима според истоимената најпродавана книга на Џулијано да Емполи, сместена на почетокот на 1990-тите, како последица на распадот на СССР. Филмот ја носи приказната за Вадим Баранов, ТВ-продуцент, кој неочекувано станува спин доктор за актуелниот рускиот претседател кога го започнува своето доаѓање на власт.
Ло ја потврди веста во интервју за „Дедлајн“, но кажа дека снимањето сè уште не започнало.
„Бидејќи сè уште не сум започнал да работам на тоа, во моментот изгледа како Еверест за искачување, па јас сум во подножјето и гледам нагоре и размислувам: ‘О, Господе, што реков? Како ќе го направам ова?’ Но, како и да е, тоа треба да го сработам“, рече глумецот.
„Волшебникот од Кремљ“ излезе во април 2022, два месеца по почетокот на руско-украинската војна, што го направи актуелен бестселер. Веста за филмската адаптација беше објавена на Канскиот филмски фестивал во 2024.
Пол Дано ќе ја игра главната улога на Вадим Баранов, a ќе глуми и оскаровската Алисија Викандер.
(Фото: Гети)