Со почетокот на новата година, многумина од нас си задаваат нереални цели и фитнес трендови.
Истражувањата покажуваат дека дури и краткото пешачење, една од најлесните форми на вежбање може да помогне за подобра форма.
Истражувањата покажуваат дека 11 минути умерено до енергично вежбање дневно може да го намали ризикот од рак, кардиоваскуларни болести или прерана смрт. Дури и само пет минути пешачење на ден може да има некои здравствени придобивки, според д-р Ендрју Фримен од Кардиоваскуларниот центар од Денвер.
Фримен препорачува да се се обидеме да вежбаме 30 минути на ден, или да се обидеме со брзо одење во комбинација со кревање тегови.
„Клучот е да го направите движењето редовен дел од вашиот ден. Вежбајте колку што можете, а и пет минути пешачење на ден е корисно“, вели д-р Фримен.
Професор Џејмс Г. Динан на Факултетот Вартон на Универзитетот во Пенсилванија, вели дека психолошки, помалите задачи се полесни за постигнување, така што ако се натерате себеси да одите на петминутна прошетка е полесно отколку одеднаш да пешачите 35 минити“, вели Динан.
Дури и со пешачење од пет минути, најважниот дел од секоја фитнес цел, според Фримен, е да најдете време да го вклопите во вашата дневна рутина, поради што е важно да се фокусирате на едноставноста.
Фримен, исто така, препорачува да ја завршите вашата брза прошетка наутро, за да го започнете денот со позитивно движење. А за љубителите на кафе, Фримен рече дека прошетката може да даде енергија подеднакво ефикасно како и една шолја кафе.
„Одењето не е само добро за вашето тело; одлично е и за вашата ментална благосостојба. Не само што може да помогне да се ослободите од зависностите, како што е пушењето“, рече Фримен, туку и прошетката може да помогне да се намали анксиозноста и депресијата, особено кај луѓето кои можеби се справуваат со тага.
Фото: Гети