СРЕЌЕН СУМ ШТО ДОЧЕКАВ УШТЕ ЕДЕН РОДЕНДЕН, КАЖА КЕВИН КОСТНЕР И СЕ ПРИСЕТИ НА ВИТНИ ХЈУСТОН

САД, (Индипендент)

Кевин Костнер го одбележа својот роденден со споделување фотографија на која е со Витни Хјустон, признавајќи дека има среќа. Костнер наполни 70 години на 18 јануари и за јубилејот се осврна на сопствениот живот и го славеше споменот на Витни Хјустон.

Костнер сподели слика со Хјустон од снимањето на филмот „Телохранител“ во 1992 (Фото: Инстаграм)

Хјустон и Костнер глумеа во романтичниот трилер „Телохранител“ од 1992 година, кој постигна голем успех и беше номиниран за две награди Оскар. Костнер сподели фотографија од зад сцената, на која е и Елин ЛаВар, фризерката на снимањето.

„Оваа фотографија ме потсетува на тоа колку сум среќен што имам уште еден роденден. Изгубивме голема светлина кога ја загубивме Витни“, напиша тој на Инстаграм.