Компанијата „Мател“ ја претстави новата Барби кукла со која ѝ оддава почит на легендарната пејачка Витни Хјустон, која почина во 2012 на 48 години.
Таа им се придружува на ѕвездите како Дејвид Боуви, Дајана Рос, Кајли Миног, Глорија Естефан, Тина Тарнер и Елвис Присли, кои исто така добија свои кукли како дел од серијата „Barbie Signature“.
Куклата е облечена како Хјустон од нејзиниот спот за песната „I Wanna Dance With Somebody (Who Loves Me)“. Изгледот е надополнет со нејзината препознатлива фризура со шишки од 1980-тите.
„Песните на Витни Хјустон беа музичката подлога на безброј моменти за обожавателите ширум светот“, изјави Нејтан Бејнард, потпретседател и раководител на брендот „Барби“ во „Мател“.
(Фото: Инстаграм)