НОВИОТ АЛБУМ НА ЧЕТКАР Е „ОДА НА РАДОСТА ВО ОСУМ ДЕЛА“, ВЕЛИ ГЕРМАНСКА РЕЦЕНЗИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Германската музичка страна „Соник соул“  неодамна објави рецензија за албумот „Let Us Be“ на македонскиот кантавтор Владимир Четкар во која меѓудругото се вели :

„Несомнено е дека македонскиот мулти-инструменталист и пејач ги користи своите раскошни таленти до максимум. Овој албум е ода на радоста во 8 дела“.

Американската музичка страна за соул музика, „Соул тракс“ напиша: „Аранжманите се истовремено релаксирани и раскошни“. Предходно во Јапонија каде албумот беше издаден ексклузивно до неодамна, цедето на Четкар беше наречено „маестрален избор“

Англиско-австралискиот диџеј и продуцент Доктор Пакер работи на два нови ремикса на авторската музика на Четкар кој ќе се издадат оваа пролет и лето преку Шкотската музичка куќа „Only Good Vibes Music’s“.