СКОПСКАТА РЕТРО ЗАБАВА „ЗАСЕКОГАШ МЛАД“ ПО ОСМИ ПАТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 22 МАРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 22 март во „Ивент центар“ во Скопје, по осми пат ќе се одржи ретро забавата „Засекогаш млад“ (Forever young 2025). Годинава ќе има тројца диџеи.

Забавата ја организира менаџерот Милорад Цајиќ-Цајо, а лани се одржа на истиот датум, во салата „Јане Сандански“, по пет години пауза. Тогаш музика пуштаа диџеите Бабура Јуниор, Дела, Вера Јанковиќ, Ерик Фокс и Тута.

„Забавата се одржува по повод 45 години од првата забава што сум ја организирал, во 1980 во дискотеката ‘Таверна’. А, првата полноќна забава во Скопје се одржа во 1986, во една од најстарите дискотеки, ‘Огниште’“, ни рече Цајиќ.

Тој се сеќава дека во првите 30 минути по 23 часот од забавата во 1986 тој и неговите соработници се плашеле да не пропаднат забавата и парите што ги вложиле.

„Но, за 15 минути, пред дискотеката се создадоа редици луѓе. Посетеноста беше толку голема што интервениравме за уште 200 нови влезници“, вели тој и додава:

„И годинава решивме забавата да се одржи на празникот Младенци поради поврзаноста со насловот. Симболиката на овој датум ми даде идеја да ја направам на овој ден“.

М. ЏАРОВСКА