Франшизата „Џејмс Бонд“ веќе нема да биде контролирана од династијата Броколи откако долгогодишните продуценти Барбара Броколи и Мајкл Вилсон одлучија да се повлечат.
Филмовите за тајниот агент 007 беа лансирани од Алберт Броколи во 1962, кого го наследија неговите ќерка и посинок. Двојката сега ја предаде креативната контрола на компанијата „Амазон МГМ студиос“, основана од „Амазон“ во 2022.
„Броколи и Вилсон остануваат косопственици на франшизата, но ‘Амазон МГМ‘ ќе ја има креативната контрола“, објави компанијата.
Последното значи дека „Амазон“ ќе може да развива и спиноф проекти, како што „Дизни+“ направи со „Војна на ѕвездите“. Засега нема најава за нов филм.
Новиот договор доаѓа по неколку месеци шпекулации за иднината на Џејмс Бонд, чиј последен филм излезе пред четири години. Не е познато кој актер ќе го наследи Даниел Крег во насловната улога, кој ќе биде избран од „Амазон“. Досега се шпекулираше со имиња како Џејмс Нортон, Арон Тејлор-Џонсон и Тио Џејмс.
(Фото: АП)