„ОГАН И ПЕПЕЛ“ ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОДОЛГ ОД ПРЕТХОДНИТЕ ДВА ФИЛМА „АВАТАР“, ВЕЛИ ЏЕЈМС КАМЕРОН

Лос Анџелес, (Вараети)

Ако мислите дека „Аватар“ и неговото продоложение „Патот на водата“ биле долги, спремете се за „Оган и пепел“ (Fire And Ash), третиот дел од серијалот на Џејмс Камерон. Според него, тоа ќе биде најдолгиот филм во франшизата досега.

Оригиналниот филм од 2009 трае два часа и 42 минути, додека „Патот на водата“ од 2022 беше продолжен на три часа и 12 минути.

Во ‘Патот на водата‘ беше претставен голем број добри идеи, кои бараат да бидат поделени во два филма. Филмот брзо се одвиваше и не посветивме доволно време на ликовите. Затоа реков дека мора да го поделиме. ‘Оган и пепел‘ ќе биде нешто подолг од ‘Патот на водата‘“, кажа Камерон.

Аватар: Оган и пепел“ ќе има премиера на 19 декември и Камерон претходно го опиша како најхрабриот филм од серијалот и најави дека публиката може да очекува повеќе акциони сцени.

(Фото: Гети)