ХОРОР СЕРИЈАЛОТ „КОШМАР ВО УЛИЦАТА НА БРЕСТОВИТЕ“ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ФИЛМ ПО 16 ГОДИНИ

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Студиото „Парамаунт“ ќе снима нова верзија на „Кошмар на Улицата на брестовите“ откако постигна договор со семејството на Вес Крејвен, режисерот на оригиналниот филм.

Крејвен беше режисер и сценарист на првиот филм од 1984, како и на седмиот од 1994. Последниот, деветти дел од серијалот излезе во 2010.

Главниот лик Фреди Кругер, во изведба на Роберт Енгланд, стана дел од поп-културата во 1980-тите и 1990-тите. Во последниот филм, неговата улога ја презеде Џеки Ерл Хејли. Крејвен почина во 2015.

Вдовицата и синот на Крејвен ги откупија правата на оригиналниот филм во 2019 и ќе бидат продуценти на новата верзија. „Парамаунт“ ќе го снима филмот според оригинално сценарио, а актерската екипа засега не е позната.