КАЛИОПИ ЌЕ НАСТАПИ НА ВИЕНСКИОТ БАЛ ВО СКОПЈЕ НА 10 МАЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Калиопи со репертоар од своите најголеми хитови ќе биде специјална гостинка на традиционалната манифестација „Виенски бал“ што годинава ќе се одржи на 10 мај во скопскиот хотел „Александар палас“. Од здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ велат дека собраните средства ќе се донираат за помош на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Плус“ во Кочани на 16 март.

Настанот ќе го отвори оркестарот „Јохан Штраус“ со кој ќе диригира Бисера Чадловска, а ќе играат танчари од „Прима данца“. По настапот на Калиопи, следи бендот „Свингерси“, а публиката ќе ја забавуваат и Дејан Бобиќ- Дексо и Билјана Ѓошева. Балот ќе се одржи по 26.пат.

„На вонреден состанок, организацискиот одбор на ‘Виенскиот бал‘, донесе одлука средствата од овогодинешниот настан да бидат донирани за семејствата на трагично настраданите во Кочани“, објавија организаторите.

 

Фото: Ѓ. Личовски