На 18 мај на Водно ќе се одржи 13. издание на спортско-рекреативниот настан „Sparkasse Life Прв до врв“, кој содржи пет натпреварувачки категории до врвот на Водно: планинско трчање (4,5 км), планински велосипедизам (9 км), друмски велосипедизам (11,4 км), електрични велосипеди (9 км) и тим-билдинг трка за компании (4,5 км).
Велосипедските трки ќе започнат во 9:45 часот од Музејот на Град Скопје, со летечки старт пред ОУ „Кочо Рацин“, додека планинското трчање и тим-билдинг трката ќе стартуваат пред училиштето во 10 часот.
Настанот ќе има и меѓународен карактер, бидејќи се пријавени и учесници од Португалија, Италија, Бугарија и САД.
За сите што ќе урнат рекорд Шпаркасе банка обезбедува награден фонд од 1.000 евра. Рокот за пријавување е до 11 мај.
(Фото: Фејсбук)