КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС ЌЕ СЕ ТРЧА В НЕДЕЛА ПО 10. ПАТ, ПРИЈАВЕНИ 200 УЧЕСНИЦИ ОД 10 ДРЖАВИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Десеттото издание на Крали Марко треилс („По стапките на Крали Марко”) ќе се трча в недела во Прилеп и неговата околина. Настанот комбинира две трки во планинско трчање со различни должини. Пријавени се околу 200 учесници од десет држави.

Трката „Камена Баба треил“, долга 35 километри, започнува во Амфитеатарот во прилепската населба Варош во 9 часот. Патеката оди до манастирот Трескавец и продолжува низ карпести предели преку Камена Баба и врвот Единак, со вкупно искачување од 1.900 метри.

Најстарата планинска трка во Македонија, „Трескавец треил“, стартува во 11 часот во Амфитеатарот и преку Маркови Кули и пејзажните ритчиња ги носи тркачите кон Трескавец и потоа назад по друга патека во Прилеп. Се трчаат 18 километри, со вкупно искачување од 1.000 метри.

Крали Марко треилс е во организација на Здружението за спортови во природа Трекс од Скопје.