Холивудската актерка Амбер Херд објави дека добила близнаци, ќерката Агнес и синот Оушн. Глумицата, ѕвезда на филмот „Аквамен“ ја објави веста на Инстаграм, во чест на 11 Мај, Денот на мајката.
Во 2021 ја доби ќерката Уна. Тогаш американските медиуми објавија дека ја добила ќерката со помош на сурогат мајка.
„Тоа што станав самохрана мајка и под мои услови и покрај моите сопствени предизвици со плодноста, беше најскромното искуство во мојот живот“, вели 39-годишната глумица.
Херд вели дека го избрала мајчинството, „одговорно и внимателно” и дека своето семејство е семејство кое „се стремела да го изгради со години“.
„До сите мајки, каде и да сте денес и како и да сте стигнале до тука, моето семејство од соништата и јас го славиме овој ден со вас“, додаде таа.
(Фото: Гети)