ДЕНИ ДЕ ВИТО И АРНОЛД ШВАРЦЕНЕГЕР ПЛАНИРААТ ПАК ДА ИГРААТ ЗАЕДНО НА ФИЛМ, СЦЕНАРИОТО СЕ ПИШУВА

САД, (Си-Ен-Ен)

Дени Де Вито и Арнолд Шварценегер имаат планови повторно да глумат заедно во нов филм.

Двајцата актери, кои глумеа браќа во „Близнаци“ од 1988, неодамна се појавија заедно и на Оскарите, каде што ги имитираа негативците од „Бетмен“.

„Арнолд и јас сме добри пријатели. Се запознавме многу пред ‘Близнаците’ пред неколку години“, изјави Де Вито за Си-Ен-Ен. „Работиме на нешто, на проект што ќе го направиме заедно, уште еден филм. Навистина добро се согласуваме“.

Што се однесува до нивното обединување на Оскарите, Де Вито рече дека го држеле тоа во тајност.

„Никому не кажавме и беше забавно што бевме заедно на тој голем и убав настан“, кажа Де Вито и додаде дека новиот фил во кој ќе глуми со Шварценегер моментално се пишува.

„Се надеваме дека наскоро ќе имаме убаво сценарио за да можеме да почнеме со работа“, рече тој.

Додека го чека сценариото, Де Вито има други проекти, како неговата улога во „Секогаш е сончево во Филаделфија“ и неодамнешниот анимиран филм „Миграција“. Тој ќе игра во претставата „Матилда“ во Државниот театар во Њу Бранзвик, Њу Џерси, на 22 март.

 

Фото: Гети