„Дејли паспорт“ направи избор од три хотелски базени кои ги нарече разгледници што треба да се видат во живо.
„Марина Беј Сендс“ во Сингапур (фото) може да се пофали со најголемиот базен на покрив во светот, што значи дека гостите можат да уживаат во импресивниот поглед на хоризонтот на Сингапур додека се капат. Сместен на 57-от кат од хотелот, базенот долг 478 метри е долг речиси колку три олимписки базени и се полни со 376.000 галони вода.
Кастело ди Решио во Умбрија, Италија се наоѓа во замок стар илјада години е пренаменет во хотел со пет ѕвезди. Сместен е во ридовите меѓу Тоскана и Умбрија. Неверојатниот надворешен базен на хотелот е со природни сенки, и создава сцена од бајките. На топол ден, гостите можат да се одморат со свежо направени сокови или коктели подготвени во барот на лице место.

Седејќи над џунглата, два каскадни големи базени се чини дека беспрекорно се вклопуваат со пејсажот во Висечките градини на Бали. Одморалиштето со пет ѕвезди во Убуд прави капачите да се чувствуваат како да лебдат високо над прашумата. Тоа е хипнотизирачко, незаборавно искуство, и можеби затоа хотелот постојано е рангиран како едно од најдобрите места на островот за романса и релаксација во природата.
За сите хотели се резевира сместување до една година однапред.