На 23 октомври е закажана премиерата на втората сезона на хит-серијата на „Нетфликс“, „Никој не го сака ова“ (Nobody Wants This), објави екипата преку видеопорака.
По премиерата во септември 2024, серијата постигна голем успех и стриминг гигантот веднаш најави дека ќе се снима и втора сезона. Серијата зборува за љубовта помеѓу Џоан и рабинот Ноа, кои ги играат Кристен Бел и Адам Броди. Џоан, водителка на подкаст, се вљубува во „згодниот рабин“, кој потекнува од традиционално еврејско семејство. Во приказната се и нејзината сестра Морган (Џастин Лупе), братот на Ноа, Саша (Тимоти Симонс), снаата Естер (Џеки Тон) и мајката на Ноа, Бина (Товах Фелдшух).
Во втората сезона доаѓа и сопругата на Броди, Лејтон Мистер, која ќе ја игра Аби, најавена како непријателка на Џоан од средно училиште, а сега инфлуенсерка-мајка на Инстаграм.
Креаторката Ерин Фостер вели дека по позитивните реакции сфатила дека оваа серија ѝ е врв во кариерата.
„Неверојатната актерска екипа, продуцентите и режисерите ја направија серијата таква каква што е денес, а реакциите на гледачите беа повеќе од она што можев да сонувам. Новата сезона ќе биде романтична и забавна“, рече таа.