По настапите низ целиот свет, „Кафе де Анатолија“ првпат ќе организира настан од новата серија „Experience“ во Македонија, што ќе се одржи на 19 јули во Виница, од каде што потекнуваат основачите на оваа продукциска куќа, Зоран Илиев (Били Естебан) и неговите деца Моника Илиева и Никола Илиев (Nickarth/Rialians On Earth).
Настанот ќе обедини музика, уметност, гастрономија и вино, а ќе настапат домашни и интернационални диџеи, придружено од танчари и уметнички перформанси. Ќе има премиерна дегустација на двете нови вина од „Кафе де Анатолија“.
Настанот ќе започне во 15 часот и ќе трае до еден часот по полноќ под отворено небо.
Моментално, Били Естебан и Rialians On Earth се најслушаните артисти од Македонија во светот, со по 200.000 месечни слушатели на Спотифај. Брендот има над 5.000 диџеи и артисти во својата глобална мрежа и го поседува најголемиот каталог за органик хаус, со над 10.000 издадени траки.