„ФИН ПРОЏЕКТ“ И ТАЊА ЦАРОВСКА ПРОМОВИРААТ ЗАЕДНИЧКИ АЛБУМ НА КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 3 ЈУЛИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Музичарот Никола Стојковски („Фин проџект“) и Тања Царовска утре (3 јули) во Куршумли ан во Старата скопска чаршија ќе одржат промотивен концерт на нивниот нов албум насловен „Егрегор”.
Како гости ќе настапат Петар Христов (саксофон и кларинет), Горан Трајкоски-Готра, Билјана Петровска (пијано), Андреа Мирческа (бас и контрабас), како и гудачки квартет во состав Илија Јовчев и Ева Ристеска на виолина, Ангела Винтовска на виола и Александар Ицковски на виолончело.
Билетите ќе се продаваат на влезот по цена од 400 денари. Концертот е во рамките на Скопско лето.