Вечерва од 21 часот, Битолскиот камерен оркестар ќе го одржи концертот „Цветна симфонија“ во Хераклеја. На репертоарот се класици од Пучини и наполитански песни како „O sole mio“.
Од Битолски камерен оркестар велат дека ќе настапат и три сопранистки и еден гостин од Хрватска, кој ќе биде изненадување за публиката.
„Од почетокот на годината одржавме седум концерти, кои беа одлично прифатени од публиката, а до крајот на сезоната планираме уште 12“, велат од Битолскиот камерен оркестар.