Гитаристот на „Блек Сабат“, Тони Ајоми, вели дека прошталниот концерт на групата во родниот град е целосно поразличен од се што досега го правеле. На денешниот десетчасовен музички спектакл на стадионот „Вила парк“ во Бирмингем, оригиналната постава Ози Озборн, Томи Ајоми, Гизер Батлер и Бил Ворд ќе свири заедно за првпат по 20 години.
„Многу сме нервозни, но подготовките поминаа добро. Луѓе доаѓаат од цел свет и не можам да го апсорбирам тоа“, призна легендарниот гитарист.
На стадионот се очекуваат повеќе од 40.000 фанови, а меѓу учесниците се „Металика“, „Слеер“, „Пантера“ и „Антракс“. Се очекува Озборн да пее само четири песни поради неговите здравствени проблеми, но Ајоми призна дека пробите биле тешки за сите четворица.
„Никој од нас не станува помлад, заморно е да се стојат таму неколку часа“, кажа Ајоми.
Основан во 1968, „Блек Сабат“ се сметаат за основоположници на хеви металот, чиј опус од 1970-тите е еден од највлијателните во рок музиката.
„Ова е мојот последен бис, ова е моја шанса да им се заблагодарам на моите обожаватели кои секогаш ме поддржуваат и се тука за мене. Не можев да го одржам мојот последен концерт на ниедно друго место. Морав да се вратам на почетокот“, рече Озборн.
(Фото: Фејсбук)