Вечерва (16 јули) на Скопско лето, од 20:30 часот во Сули ан ќе се одржи концертот насловен „Фрида од Македонија“. Ќе настапи аматерскиот женски хор „Фрида“, под диригентство на неговата раководителка Сузана Турунџиева.
Хорот е формиран во октомври 2023. Основачка, раководителка и диригентка на хорот е Сузана Турунџиева, вокален солист и музички педагог. Хорот функционира во две секции/групи, составени од по 60-ина аматерски пејачки со големо хорско искуство.