Вечерва (20 јули) од 21 часот во предворјето на црквата Света Софија во Охрид, концерт ќе одржи младинскиот интернационален оркестар „Фејмс“. Концертот е насловен „Либертанго“, и е во рамките на фестивалот Охридско лето.
Гостува виолинистката Русанда Панфили е од Молдавија, која е композиторка и аранжерка. Таа свири различни музички жанрови, виолински концерти како оние на Шостакович и Сибелиус, разновидни дела од камерното творештво и широк спектар на музика за филмови од легендарните композитори, како Мориконе, Вилијамс, Зимер и Депла.
Како наградувана виолинистка, Панфили има остварено бројни настапи со меѓународно признати оркестри и диригенти низ светот.
Европскиот оркестарски изведувачки институт „Фејмс“ е основан во 2022 во Скопје. Програмата на Институтот е дизајнирана да ги подобри уметничките и индивидуалните вештини на младите талентирани класични музичари од Европа. Институтот соработува со еминентни музички имиња, како: Тимоти Редмонд, Роман Симовиќ, Ирина Мурешану, Веско Ешкенази.