АВСТРАЛИСКА ПРЕМИЕРА НА „ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА“ НА ФЕСТИВАЛ ВО СИДНЕЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, ќе ја има својата австралиска премиера на Фестивалот на научната фантастика во Сиднеј. Шестото издание на фестивалот ќе се одржи од 3 до 5 октомври, а „Јон Вардар“ конкурира за наградата за најдобар игран филм „Рон Коб“, именувана по легендарниот концептуален уметник.

„Фантастиката за мене отсекогаш била средство да зборувам за реалноста. Среќен сум што австралиската публика и македонската дијаспора ќе имаат можност да го проследат филмот на големото платно“, изјави Цветановски.

Тој е и сценарист на филмот, арт директор е Михајло Димитриевски–Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги се Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска.